Македонски туристи заглавени во поплавите во Грција

Во силното невреме, проследено со дожд и силен ветер, што го зафати северниот дел од Грција, заглавени се и македонски туристи.

Некои од нив на фејсбук со натписи и фотографии од ситуацијата во која се наоѓаат, бараат помош.

„Пријатели ситуација е следна. Ние сме на милост и немилост над селото Каламитци. Колата ја испразнивме од вода ама немаме светла за да патуваме далеку. Дали некој од вас може да ни понуди сместување барем за вечерва со оглед дека и Сарти и Торони се поплавени?“

 

Грчки медиуми објавија инсерти од поројни дождови, што ги зафатија меѓу останатите и Лепотокарија, Парајлија, Неа Врасна, Парга, Ханиоти, Пефкохори, Трикали и Торони. Температурата во одделни места била околу 15 степени Целзиусови. Во дел од градовите од одделни хотели се евакуирани туристи, меѓу кои и од хотел на Ситонија, каде денеска се евакуирани поради река, која се излеала од коритото и го поплавила целото подрачје.

Грчките медиуми јавуваат дека на патиштата во тој дел од државата има одрони и сообраќајот се одвива отежнато.

 

Loading...