ФРЧАТ СМЕНИ НА ДИРЕКТОРИ - Еве кои функционери си заминуваат по смената на власта!

Министерството за здравство донесе одлука за разрешување на медицинскиот директор на Клиничката болница во Штип, Александар Стојановски, како и за разрешување на економскиот директор во Клиничката болница во Тетово, Зоран Станковски.

 

„По извршената инспекција во Клиничката болница во Штип, воочени се одредени нерегуларности во работењето, неетичко однесување од дел од вработените, а воедно е утврдено дека хигиената во установата не е на задоволително ниво. Врз основа на констатираното, донесена е одлука за разрешување на медицинскиот директор на Клиничката болница во Штип и за нов директор е именуван доктор Ален Ѓорѓиев. Исто така, за нов директор на Центарот за јавно здравје во Штип е именувана доктор Марија Димитрова, а разрешен е и економскиот директор во Клиничката болница во Тетово Зоран Станковски“, информираат од Министерството за здравство.

Разрешувањата на клиниките вчера ги најави министерот за здравство Арбен Таравари и рече дека ќе бидат обелоденети и наодите на инспекциите во некои болници, а тогаш ќе има и казни.

– Ќе има казни за менаџери, за вработени, но тоа ќе биде како што ќе каже инспекторатот. Лошо е во Клиниката за гинекологија, а ни во штипската болница не е подобро, најдени се некои работи што не треба да ги има во болница. Засега е направена ревизија само на Министерството за здравство, а ќе направиме ревизии на клиниките кога ќе именуваме нови директори. Именувања ќе правиме и оваа недела, но полека, не брзаме, 70-80 отсто од клиниките во наредните недели ќе имаат нови директори – рече Таравари.

 

Loading...