Одлична вест: Од денеска со македонски пасош без виза ќе може да се патува во оваа земја

Катар објави дека ги укинува визите за државјаните на 80 земји со цел развој на туризмот и авиосообраќајот, а одлуката стапува во сила веднаш.

 

Од денеска граѓаните на 33 држави ќе може да останат во Катар 180 дена без виза, а од другите 47 држави ќе може да останат во земјата 30 дена.

На листата со држави се Велика Британија, САД, Канада, Индија, Јужна Африка, Сејшелите, Австралија и Нов Зеланд, но и Македонија.

На списокот се и земји членки на шенген-просторот, како и други западни, латиноамерикански и азиски држави.

Либан е единствената арапска држава која се наоѓа во Заливот, а ја има на списокот.

На странците за влез во земјите од Персискиот Залив најчесто им е неопходна виза која се издава под строги критериуми.

 

Loading...