ОД ВЕЧЕРВА ОЧЕКУВАЈТЕ: Пороен дожд, силен ветер, град...

Во текот на денот ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен и југозападен правец, а во источните од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на места процесите ќе бидат поинтензивни, локално и во форма на невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и можна појава на град, особено во североисточните делови.

 

Во недела ќе преовладува променливо облачно и свежо време со засилен северен ветер, а претпладне и со слаб локален дожд.

Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.

Loading...