СДСМ: Оние кои вршеа притисоци и сееа омраза, веќе нема да управуваат со државни институции!

- Заврши времето на масовна партизација и злоупотреба на државните институции што беше главна одлика на влаадеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, реагираат од СДСМ на изјавата за медиуми на Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.

 

- Владата предводена од СДСМ започна процес на ослободување на институциите заробените од ВМРО-ДПМНЕ со што ќе се обезбедат независни и професионални државни институции кои што наместо во интерес на поединци и партии, ќе работат исклучиво во интерес на граѓаните и државата.

По локалните избори, таквиот процес на ослободување на заробените и партизирани институции ќе продолжи и на локално ниво. Секој граѓанин ќе го најде своето место во заедничкото општество што ќе пружа еднакви можности, а лицата кои вршеа притисоци и сееа омраза, повеќе нема да смеат да управуваат со државни институции и ќе мора да сносат одговорност за своите постапки, се вели во реакцијата.

Loading...