Сè повеќе албански државјани патуваат во Европа преку македонските аеродроми

Сè повеќе албански државјани ги користат македонските аеродроми за да стигнат до земјите на ЕУ, каде што потоа бараат азил.

 

Ова го изјави директорот на албанската полиција, Хаки Чако, давајќи објаснувања за албанските медиуми околу состојбата со албанските државијани кои бараат азил во земјите на Унијата.

Според него, во последно време расте бројот на албански државијани кои преку аеродромите во Скопје и Охрид, летаат кон земјите на Евтропската Унија, за на полесен начин ја избегнат контролата за влез во земјите на Унијата.

Според Чако и понатаму е голем бројот на албанските државијани кои бараат азил во земјите на ЕУ, и покрај големите контроли кои ги има полицијата на аеродромите, но и на граничните премини.

Претставници на ЕУ бараат официјална Тирана да ги зголеми мерките за стопирање на државијаните за кои се сомнева дека патуваат во земјите на Унијата за да бараат азил. Досега повеќе земји на ЕУ, а посебно Франција и Германија на неколку пати имаат депортирано албански државјани.

МН

 

Loading...