КРВАВО УТРО ВО ТЕТОВО - Полицијата јавува за четворица повредени!

Едно лице е тешко повредено во тепачка во Тетово.

 

Според информациите на МВР, синоќа, половина час по полноќ, во Тетово на ул. ,,Прохор Пчински“ настанала тепачка помеѓу лицата Ф.Б.(26) и 14 годишно лице од една страна и С.И.(22) и неговиот брат Е.И.(28) од другата страна.

Некои од лицата во тепачката употребиле нож и дрвени предмети.

Со повреди се здобиле сите четворица, додека Е.И. е задржан во Клиничка болница Тетово – хирушко одделение, со повреди во пределот на левото рамо, левата слабина и левата нога и по кажување на дежурниот доктор се работи за телесни повреди и истиот е надвор од животна опасност.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово, при што се обезбедни предмети, кои ќе бидат доставени за вештачење. Сите учесници се задржани во СВР-Тетово и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Loading...