ВМРО-ДПМНЕ: СЈО е димна завеса за прикривање на сите антидржавни дејствија на СДС

СЈО има за цел целосно да ја дефокусира јавноста од негативната политика на СДС и да создаде негативна слика кај граѓаните за ВМРО-ДПМНЕ и нејзините функционери. СЈО во предизборниот период неосновано и правно неаргументирано ја напаѓаше ВМРО-ДПМНЕ, отворајќи простор СДС и криминалците од врвот на таа партија да изгледаат прифатливи за јавноста, во ситуација во која сите политички ликови од ВМРО-ДПМНЕ неосновано ќе бидат оцрнети, обвини денеска Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Токму затоа, додаде таа, СЈО излегуваше на безброј драматични прес-конференции, во кои обвинуваа и најавуваа обвиненија кои се целосно неосновани, правно неаргументирани и без елементарни докази.

„На сите граѓани на Република Македонија им е совршено јасно дека СЈО не постапува согласно Устав и закон, туку исклучиво врз база на политички нарачки. СЈО не ја постигна изворната цел на своето постоење, да утврди кој, како и зошто снимал во Република Македонија. СЈО ги ослободи од обвинение Заев и Верушевски, кои две ипол години ја држеа државата во заложништво и извршија низа криминални престапи. Сега се обидуваат да им го легализираат и криминалот што го направија. Незаконски следените, а потоа монтирани разговори под политички притисок сакаат да ги легализираат и да испратат порака дека Заев и Верушевски не може да бидат сопрени во хаосот што го креираат“, рече Стојаноска.

Според неа смислата на постоење на СЈО се изгубила, а СЈО се претворило во алатка за политички прогон на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Loading...