ВМРО-ДПМНЕ: Пожарите уништуваат шуми, а министерот Николовски размислува со кој фактор за сонце да се намачка

Пожарите секојдневно уништуваат илјадници хектари шума, а министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, размислува со кој фактор на крема за сонце да се намачка за да не изгори, обвини денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

 

Од таму велат дека додека огнената стихија уништува домови и имоти и се заканува на манастири, надлежниот министер на СДС од плажа, на лежалка конзумира коктели и пишува постови на социјалните мрежи.

„Неспособната и неодговорноста на владата на СДС граѓаните ја гледаат секојдневно во незнаењето и немањето капацитет навремено да се справи со пожарите кои прераснаа во вистинска еколошка катастрофа и уништија илјадници хектари шума, а десетина куќи беа изгорени и беше загубен еден човечки живот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека „неодговорниот Заев и неговите партиски послушници не можат да локализираат еден пожар и не можат ни да ги откријат виновниците за подметнувањето на овие пожари“.

ВМРО-ДПМНЕ апелира до, како што велат, СДС и Заев да се вразумат и конечно да почнат да ги решаваат проблемите на граѓаните и да не заборават дека фотелјите не се за да ги штитат сопствените интереси, туку интересите и потребите на граѓаните.

 

Loading...