Страшна сообраќајка со повредени на патот Кичево - Гостивар

На 12.08.2017 година во 19.10 часот на Магистралниот пат Гостивар - Кичево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило "Шкода Октавија" со скопски регистарски ознаки управувано од С.С.(35) од Скопје и моторцикал "Кавасаки" без регистарски ознаки управуван од В.З.(31) од с.Желино.

Во незгодата возачот на Мотроциклот е пренесен во Ургентен Центар Гостивар каде му се констатирани тешки телесни повреди, фрактура на три прсти од левата рака и по укажана лекарска помош истиот е пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

 

Loading...