Стојаноски: Заев ја претвора државата во партија

Продолжува целосната партизација и депрофесионализација на институциите. Зоран Заев ја претвора државата во партија, а партијата во држава, обвини Бојан Стојаноски, од ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Поранешниот естраден менаџер Зоран Башановиќ или од скоро нов специјален економски советник на Зоран Заев, е човек познат по правење матни зделки, човек со сомнително минато и дебело криминално досие. После ангажирањето на естрадни уметници и сомнителни ликови, како Башановиќ, изминативе денови сведоци сме на ново назначување на советници во владата на Зоран Заев. Довчерашните политички аналитичари, активисти во граѓанскиот сектор и партиски војници повторно се најдоа на платениот список на Заев“, рече тој.

Стојаноски рече дека гласноговорниците на СДС скриени зад параванот на невладин сектор и аналитичари денес станаа советници на Заев за подготовка анализа и извештаи неопходни за остварување на стратешките приоритети и определби за членство во НАТО и подготовка на анализи извештаи и мислења за унапредување на меѓуетничките односи.

„Советничко место во владата на Заев доби и Митко Андреевски, претседателот на партиската комисија на СДС за енергетика и личен пријател на Заев. Андреевски на јавноста и е познат по скандалозните тенедери кои тој ги добиваше од Струмица гас, преку неговата фирма Си Ен Џи Систeм. Воедно фирмата на пријателот на Заев беше регистрирана во куќата на родителите на сопругата на Андреевски и според официјалните информации фирмата имаше само еден вработен, а секојдневно добиваше тендери за снабдување на најскапиот гас во Македонија“, рече Стојаноски.

Со поставувањето на ликови како Башановиќ, Андреевски, Рамадани и Биљали за советници на Зоран Заев, рече тој, се отвора огромен сомнеж дали новата влада ќе работи на подобрување на економската, енергетската и надворешната и политичката состојба или ќе работи на подобрувањето на економското портфолио на корпорациско-партиски фирми и луѓе, блиски до СДС.

 

Loading...