Нема веќе МВРО-ВМРО

- Нема повеќе МВРО-ВМРО, нема повеќе сокривање и бегање од одговорност. Напротив, постои професионализам, отчетност и ефикасност во работењето на МВР, а секој оној кој постапувал незаконски ќе понесе одговорност. Тоа е разликата со која не може да се помири ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на СДСМ на денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.



- Министерството за внатрешни работи веќе извести за итните дисциплински мерки кои ги презема за случајот во Струмица. Владата предводена од СДСМ започна процес на професионализација на Министерството за внатрешни работи и на институциите кои што ќе бидат вистински независен и професионален сервис на граѓаните, се вели во реакцијата.

Loading...