Украден накит вреден над два милиона денари од куќа во Тетовско

Синоќа околу 21 часот и 20 минути во село Боговиње, Тетовско, од куќа во сопственост на Џ.И. (56) бил украден златен накит.

Повеќе: Украден накит вреден над два милиона денари од куќа во Тетовско

Тепачка во ресторан во Скопје

Вчера околу 16 часот во ресторан на улицата Босна и Херцеговина во Скопје настанала тепачка меѓу шест непознати лица, соопшти МВР. Во тепачката едно од лицата со стаклен пепелник го удрило лицето Н.Н. (22) од Скопје во пределот на десното око. Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, од каде што бил препратен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Повеќе: Тепачка во ресторан во Скопје

Рокот за консултации и сугестии на ЕНЕР зголемен од 10 на 20 дена

Рокот за консултации на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија – ЕНЕР (ener.gov.mk) се зголемува од 10 на 20 дена, одлучи Владата на последната седница. Одлуката придонесува најголем дел од предлог-законите задолжително да се објавуваат на регистарот пред да одат во владина постапка.

Повеќе: Рокот за консултации и сугестии на ЕНЕР зголемен од 10 на 20 дена

Предмалку страшна трагедија во центарот на Скопје - загина жена

Повозрасна жена била прегазена и усмртена утринава од комби што се движело наназад кај основното училиште „Коле Неделковски“ во близина на Министерството за култура.

Повеќе: Предмалку страшна трагедија во центарот на Скопје - загина жена

Водостојот на Дрим и Вардар преполовен

Двојно пониски од просекот за август се нивоата на реките Вардар кај Скопје, Зајчев Рид, на Црн Дрим кај Ложани, на Крива Река кај Крива Паланка, на Сатеска кај Ботун и на Црна кај Новаци, покажува денешната хидролошка состојба.

Повеќе: Водостојот на Дрим и Вардар преполовен

Адеми на средби со граѓани што живеат и работат во странство

Министерот за дијаспора, Едмонд Адеми, денеска и утре во повеќе места во Македонија ќе одржи средби со граѓаните што живеат и работат во странство.

Повеќе: Адеми на средби со граѓани што живеат и работат во странство

Богоевски контра Мицкоски: Не згреши народот, туку ние – со закани доверба не се гради

Народот не згреши, ние згрешивме и треба да се извиниме. Петар Богоевски, еден од реформаторите во ВМРО-ДПМНЕ, реагира на вчерашната изјава на генералниот секретар на партијата, Христијан Мицкоски, кој при претставувањето на првите пет кандидати за градоначалници индиректно ги обвини граѓаните за неуспехот на парламентарните избори, односно за недобивањето апсолутно мнозинство во Собранието.

Повеќе: Богоевски контра Мицкоски: Не згреши народот, туку ние – со закани доверба не се гради

ВМРО-ДПМНЕ: Тоталната партизација во МВР направи хаос

Сашо Павлоски од ВМРО-ДПМНЕ прашува колку деца треба да бидат повредени од полицијата под раководство на Оливер Спасовски за тој да сфател дека не е дораснат на одговорноста и позицијата што му биле доверени и во колку момчиња полицијата требало да пука за Спасовски да се свестел дека треба да даде оставка.

Повеќе: ВМРО-ДПМНЕ: Тоталната партизација во МВР направи хаос

Османи: Германската поддршка е од суштинска важност за Македонија

Во рамките на посетата на Германија, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, меѓу другите средби, оствари и поединечни средби со Адреас Гис, директорот на Директоратот за развојна соработка во Сојузното министерство за економска соработка и развој, и со Кристоф Бајер, потпретседател на Управниот одбор на ГИЗ (Агенција за меѓународен развој на Германија).

Повеќе: Османи: Германската поддршка е од суштинска важност за Македонија

Страница 2 од 1884