Доналд Трамп одговараше на прашањата на македонските граѓани

Американскиот претседател Доналд Трамп одговараше на прашањата на македонските граѓани во неделното издание на „Фчерашни новости“. Но, тоа не е најекслузивната вест што репортерите на најгледаната хумористична емисија ја подготвија за вас.

 

Имено, „Фчерашни новости“ известуваше од новото средно стручно училиште во Македонија „Александар Пандов“. Се работи за експертско училиште од кое се надеваме ќе излезат многу нови генерации на експерти.

Последните пазарења, исто така, беа тема на разговор во епизодата 12, а во познатата очна клиника „Самоилов војник“, се испитуваше зошто македонските граѓани имаат проблеми со видот.

Во „Фчерашни новости“ падна и запросување во живо!

Погледнете ја целата епизода од неделата, која дефинитивно е една од оние што не смеат да се пропуштат!

Loading...