Еве што треба да направите доколку од непознат број ве прашаат„Дали ме слушате?“

Често на нашите мобилни телефони знаеме да добиваме повици од непознати броеви, но повикот од непознат број со прашањето „Дали ме слушате?“ е означено како црвен аларм од страна на полицијата ширум светот.

 

Всушност се што очекуваат од вас, е на ова прашање да одговорите со „Да“. Овој разговор се снима, а од „другата страна“ овој одговор можат да го злоупотребат за да ви наплатат услуги кои воопшто не сте ги користеле.

Меѓутоа, сепак, добрата страна е тоа што и покрај тоа што вашиот глас е снимен, не би можеле да ви наштетат, се додека не го имаат бројот на вашата картичка.

Но, за секој случај, доколку добиете ваков повик, бидете претпазливи.

Loading...