Добила бакшиш од 400 долари, а кога отишла да им се заблагодари на гостите, доживеала ШОК НА ЖИВОТОТ!

Кајла Чандара, келнерка на Хаваи, работи во два ресторани. Поради високите трошоци била принудена да го напушти школувањето и да се посвети на работата, се додека еден пар од Австралија не ја изненадил.

 

Парот од Австралија, гости во ресторанот во кој Кајла работи, биле љубопитни.

„Ме прашаа од каде сум и реков дека дојдов тука поради школувањето, но бидејќи западнав во долгови, не можев да продолжам со школувањето, па почнав да работам во два ресторани“, рекла келнерката.

Не се распрашувале премногу, но многу се изненадила кога на нивната сметка од 200 долари забележала напојница од дури 400 долари.

„Помислив ’баш великодушно од нив’. Никогаш не сум добила толку голем бакшиш, морав да им се заблагодарам. Додека разговараа ми кажаа каде престојуваат, па решив да ги пронајдам“, раскажала таа.

Кога ги пронашла им однела цвеќе како би им се заблагодарила за напојницата. Меѓутоа, дури тогаш следело изненадување.

Парот следниот ден се појавил во ресторанот и и понудил да и помогне во исплаќањето на школарината од 10 илјади долари.

„Реков нема шанси, не морате да го правите тоа за мене. Само сакав да ви кажам фала“.

Меѓутоа, тие беа упорни.

„Ми рекоа дека најголема благодарност е да живеам што е можно поубаво“, објаснила среќната девојка.

Loading...