Лука (20) нашол 6.000 евра: Ги вратил сите, а кога му понудиле награда, направил нешто неверојатно!

Лука Станковиќ пред неколку дена во близина на општина Младеновац, на автобуска постојка нашол паричник во кој имало 6.000 евра и 24.000 динари. Како што вели, ниту за секунда не му паднало на памет да ги земе за себе, туку без размислување пријавил што се случило, пишува српски Телеграф.

 

Лука во тој момент бил со другарите, кои го поддржале другарот да ги врати парите.

Полицијата брзо го пронашла несреќниот човек кој ги изгубил парите, благодарение на личната карта која била во паричникот. Човекот кој ги изгубил парите истите ги позајмил, како би го средил ладилникот кој го правел во близина на куќата.

Човекот му понудил награда на Лука, но на тоа ова момче рекло дека не сака да земе пари!

Неговиот потег ги воодушеви сите, и многумина останале без текст кога сфатиле колку добри и чесни луѓе има.

Лука има 20 години и живее во Младеновац, а работи како автомеханичар.

Loading...