Mp3 оди во историја

Иститутот Фраунхофер потврди дека дигиталниот аудио формат Mp3 оди во историјата.

 

Институтот повеќе нема да го финансира лиценцирањето на програмата, иако форматот се сметаше за пресвртна точка во музичкиот свет.

Сепак, Mp3 сè уште може да се користи. Но, форматите со подобар квалитет, кои се поефикасни и пофункционални, полека поставуваат нови стандарди. Секако, стримингот денес е популарен начин преку кој публиката слуша музика и други аудиофајлови.

„Иако постојат поефикасни аудиокодеци со напредни опции, Mp3 сѐ уште е популарен меѓу потрошувачите. Сепак, поновите медиумски услуги, како стримингот или телевизијата и радиоемитувањето користат модерни ISO-MPEG кодеци како што се AAC или МPEG-H. Тие можат да им донесат повеќе функции и повисок квалитет на звукот на многу пониска брзина во споредба со Мр3“, се вели од Институтот.

Институтот, кој е дел од Германскиот институт за истражување, е тој што придонесе во развојот на MP3 во доцните 80-ти, а помогна и во креирање на AAC. Се смета дека овој формат засега е најквалитетниот формат за преземање музика и видеа на мобилните телефони.(Макфакс)

Loading...

JT Fixed Display