Обетки од 57 милиони долари

Обетки направени од еден син и од еден розов дијамант достигнаа рекордна сума од 57 милиони долари на продажбата на аукциската куќа „Сотби“ во Женева.

Експертите оцениле дека двата дијаманти спаѓаат меѓу хемиски најчистите поради што имаат висок степен на оптичка транстпарентност.
Синиот дијамант наречен Аполо блу, со 14,54 карати, е најголемиот дијамант од таа категорија што некогаш бил понуден на аукциска продажба.
Другиот, розов дијаман, наречен Артемис пинк, содржи 16 карати.
Името на купувачот на најскапите обетки, во традицијата на вакви аукции, не е соопштено.(Макфакс)

Loading...