ГЕНИЈАЛЕН ТРИК: Исчистете го вашиот тепих во еден потег, без воопшто да го поместите!

Чистењето на теписите може да биде многу заморно, бидејќи потребно е да ги изнесете надвор, да ги исперете, да ги оставите да се исушат, а притоа многумина користат и куп хемикалии кои не се добри за здравјето.

 

Тука ќе ви покажеме интересен и корисен начин како успешно и лесно да ги исчистите теписите без да ги поместите. Вашите теписи ќе изгледаат како нови!

Прво исшмукајте го тепихот, а потоа на памучна крпа нанесете оцет и добро пребришете го тепихот. Земете друга крпа, малку навлажнете ја и на неа нанесете сода бикарбона, па со неа, исто така, пребришете го тепихот.

Оставете го така 20 минути, а потоа повторно исшмукајте. Ќе забележите подобрување бидејќи оцетот и содата се многу ефикасни.

Добри се за чистење разни тврдокорни дамки на кујнски површини, во купатило и сл. Содата може да ви послужи и при отстранување флеки од облеката.

Со оцетот можете успешно да го отстраните бигорот во купатилото. Овие природни состојки се многу подобри од бројни хемикалии.

Loading...