Ветер со брзина од 100 километри на час предизвика ХАОС ВО ШТИП!

Силниот ветер што од синоќа во Штип дува со брзина од 100 километри на час, искрши дрвја и гранки, соголи покриви, главно на стари и напуштени куќи, урна билборди, а штипјани ги остави без сон. Од силината на ветерот има искинати кабли од електричниот систем.

 

Еден скинат кабел од ноќеска и попладнево остана припоен на железна ограда кај градскиот базен, од каде повремено излегуват искри.

Паднати тополи на патот Кочани – Штип кај селото Долни Балван два часа го прекинаа сообраќајот. Десет пожарникари од штипската Територијална противпожарна единица рано утрото, околу 3 часот, повеќе од два часа ги сечеле трупците за да се воспостави сообраќајот.

Пожарникарите интервенирале на паднати дрвја во повеќе населби во Штип. Најмногу настрадаа овошките, чии плодови ја озеленеа земјата.

Ветерот продолжи да дува и попладнето, проследен со повремен слаб дожд. Во Општината Штип до претпладнето немаше пријави за штети, но очекуваат дека може да следат, со оглед на тоа дека последиците се евидентни.

Извор: Мета.мк

Loading...