Во текот на вчерашниот ден издадени 3.534 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 08,00 часот на 28.10.2015 до 29.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 3.534 странски државјани, од кои 1.931 се од машки пол, 552 се од женски, 891 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 160 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Повеќе: Во текот на вчерашниот ден издадени 3.534 потврди за искажана намера за поднесување на барање за...

МВР излезе со официјална информација за кражбата во Скопје

На 28.10.2015 година, во Скопје на ул.„Иван Аговски“ непознат сторител со употреба на физичка сила и погоден алат насилно ја отворил влезната врата од станот сопственост на М.Н.(36) и извршил тешка кражба при што одзел златен накит, 2.000 евра, 3000 денари и два пиштоли „валтер“ кал. 9 мм. и „застава“ кал. 6,35 мм., по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 450.000 денари.

Повеќе: МВР излезе со официјална информација за кражбата во Скопје

МВР излезе со Детали за настанот во Битола

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Б. (20) од Прилеп, 14-годишен малолетник, К.Р.Д.(24) од Битола и уште едно засега непознато лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Повеќе: МВР излезе со Детали за настанот во Битола

Утрово вистинска драма среде Скопје - со закана од пиштол...

На 29.10.2015 година околу 04,30 часот во Скопје на ул.„Мајка Тереза“ поточно во минимаркет „Пингвин ММ Компани“, непознато лице со закана со огнено оружје извршил разбојништво над вработената при што одзел околу 17.600 денари по што го напуштил местото на настанот.

Повеќе: Утрово вистинска драма среде Скопје - со закана од пиштол...

Страница 3744 од 3767