(ВИДЕО) Спасовски: Преку отворен дијалог меѓу работодавачите, работниците и Владата, ќе разговараме за отворените прашања

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски се сретна со претставници на неколку синдикати за да разговараат за идните ставови на новата Влада предводена од Социјалдемократскиот сојуз и во тој дух да се врати дијалогот помеѓу работниците, работодавачите и Владата на Р.Македонија, нешто што беше уништено во последниот период.

Повеќе: (ВИДЕО) Спасовски: Преку отворен дијалог меѓу работодавачите, работниците и Владата, ќе...

Поништени решенија на директорот на инспекторатот за локална самоуправа

Врз основа на Законот за општата управна постапка, денеска министерката за локална самоуправа Ширет Елези ги огласи за ништовни решенијата на директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа за запирање на примената на одлуките на советите на општините: Ранковце, Куманово, Прилеп, Велес, Охрид, Кичево, Петровец, Пехчево, Чучер Сандево, Ресен, Сопиште, Тетово, Чашка, Пласница, Теарце, Аеродром, Гази Баба, Битола, Чаир, Карпош, Свети Николе, Чешиново Облешево, Центар Жупа, Струга, Старо Нагоричане, Гевгелија и град Скопје.

 

Повеќе: Поништени решенија на директорот на инспекторатот за локална самоуправа

БЕСА: Не отстапуваме од нашите принципи

По завршувањето на разговорите на лидерите на БЕСА и СДСМ, Фатон Фазлиу од БЕСА рече дека нема да отстапат од нивните барања кои што ги имаат доставено до СДСМ, како услов за влегување во новата влада. На новинарско прашање дали има некакво доближување во преговорите, Фазлиу рече дека БЕСА нема да отстапи од своите принципи и нема да прави компромиси.

Повеќе: БЕСА: Не отстапуваме од нашите принципи

Национален младински совет на Македонија со приоритетни барања до парламентарното мнозинство во Собранието на Република Македонија

Национален младински совет на Македонија упати барања до новата Влада.

Повеќе: Национален младински совет на Македонија со приоритетни барања до парламентарното мнозинство во...

Заев: Преговорите продолжуваат, нова влада ќе има следната недела

Лидерот на СДСМ Зоран Заев по завршувањето на средбата со Биљал Касани од БЕСА, рече дека преговорите со партнерите се прикрај, и дека очекува следната недела да има нова влада.

Повеќе: Заев: Преговорите продолжуваат, нова влада ќе има следната недела

Страница 2 од 2942