Повторно измени на Фејсбук - Сега почна и со...

Социјалната мрежа Facebook, која многумина ја критикуваа поради ширење лажни вести во текот на последните претседателски избори во САД, пронајде начин како да го реши овој проблем. Имено, тие започнаа да ги означуваат сите вести со сомнителна содржина.

 

Ваквото тагнување компанијта го најави во декември 2016 година, а од сега секоја вест ќе биде проверувана од партнерски фирми што се занимаваат со контрола на вистинитост на содржините. Доколку најмалку две фирми утврдат лажна вест, ќе стои предупредување на почетната страна (news feed) под веста.

Ваквите вести Facebook нема директно да ги оквалификува како лажни, туку ќе ги тагне како спорни. Означувањето е можно од страна на корисниците, но оваа опција сеуште не е достапна во сите земји. Од компанијата наведуваат дека наскоро сите ќе можат да ја користат.

Новиот систем на корисниците ќе им олсени да означат стории кои се веројатно лажни. Тие потоа ќе бидат прегледани од страна на фирми задолжени за тоа и доколку се воспостави дека се потенцијлано лажни, ќе бидта означени како спорни, пишува Business Insider.

Кога Facebook беше доведен во врска со објавување непроверени информации во врска со американските претседателски избори, основачот Марк Закерберг ги отфрли таквите наводи.

Тој тогаш изјави дека е глупост да се тврди дека лажни вести влијаеле на конечниот изборен резултат.

Подоцна сепак ја промени изјавата велејќи дека тие како компанија имаат поголема одговорност отколку само да создадат технологијата низ која поминуваат информации./извор:Макфакс

Loading...

JT Fixed Display