Инцидент во белгиска нуклеарна централа, едно лице повредено

Белгискиот нуклеарен реактор Doel 4 автоматски се исклучи по инцидентот во ненуклеарниот дел на централата во кој едно лице е повредено, соопшти во среда портпаролката на Electrabel.



„Во моментот ги анализираме прецизните причини за инцидентот што се случи во вторник. Централата автоматски се исклучи. Станува збор за безбедносен механизам“, додаде портпаролката на подружницата на француски Engie.

„Запирањето предизвика испуштање на водена пареа која навлезе во машинскиот оддел каде што се наоѓаше еден човек“, додаде порпаролката и рече дека лицето е сместено во болница.

Реакторот повторно би требало да биде вклучен во среда.

Doel 4 е најнов од четирите реактори во централата Doel, сместена 25 километри северно од Антверпен. Изграден е во половината на 80-сеттите години. Првите два се изградени кон половината на 70-сеттите години/извор:Макфакс

спонзориран линк:

(adverts)