ТРАГЕДИЈА: Татко ги убил четирите деца и сопругата , па се самоубил

Истрагата за убиството на шестчленото семејство во централна Данска, покажа дека најверојатно таткото ги убил своите четири деца, потоа сопругата, а на карај се самоубил, јавија данските медиуми.

 

Жртвите се двајцата синови на возраст од 3 и 11 години, двете ќерки на возраст од 6 и 16 години и 42-годишната сопруга.

„Според информациите за случајот, полицијата смета дека четирите деца и 42-годишната жена се убиени од 45-годишниот маж, кој потоа си го одзел животот“, стои во изјавата на полицијата.

Полицијата ја отфрли можноста која претходно ја пласираа некои медиуми, дека семејството загинало од истекување на гас.

„Ништо не укажува дека смртта ја предизвикало истекувањето на гас“, додаваат од полицијата.

Од општината велат дека нивниот кризен тим е подготвен да им помогнат на сите оние кои го познавале семејството, пред се на децата во училиштата и во градинките.

„Длабоко сме потресени од тоа што се случи и изразуваме сочуство до најблиските на семејството. Во среда, подготвени сме да укажеме поддршка на сите во училиштата и во дневниот престојк“, напишаа од општината на нивата веб-страна.

Поворка со запалени свеќи како поддршка за семејството ќе се одржи во четврток вечер во Улструп, селото во кој се случи овој немил настан, а е лоцирано во централниот дел од Данска.

Loading...

JW Player
JT Fixed Display