САД ги обвинија братот и внукот на Бан Ки-мун за давање мито

Двајца најблиски роднини на досегашниот претседател на Обединетите нации, Бан Ки-мун се обвинети во САД за подмитување блискисточен функционер во врска со продажба на комплекс згради во Виетнам за 800 милиони долари.



Чу Хјун „Денис“ Бан, трговец со недвижнини од Њујорк и внук на поранешниот генерален секретар на ОН, и неговиот татко Бан Ки-санг, братот на Бан Ки-мун, порашенешн директор во јужнокорејската градежна компанија „Keangnam Enterprises Co Ltd.“, обвинети се пред сојузниот суд на њујоршки Менхетен.

Обвинението е подигнато откако на Бан Ки-мун на 31-ви декември 2016 година му истече двојниот петгодишен мандат на чело на светската организација, кој во тој период од јужнокорејските медиуми беше обвинет дека додека бил министер примил мито од виетнамски бизнисмен.

Според обвинението, компанијата „Keangnam Enterprises Co Ltd.“во 2013 година имала проблеми со ликвидноста и се обратила на Бан за да му најде инвеститор за комплексот згради „Landmark 72“ во Виетнам за провизија од пет милиони долари.

Наместо финансирањето да биде изведено законски, двајцата се вклучиле во шема за да подмитат неименуван функционер до Блискиот исток кој требало да го убеди богатиот фонд во својата земја да го купи „Landmark 72“.

Митото било платено преку Маклолм Харис,самопрогласен консултант за уметнички дела и мода, и блогер кој исто така е обвинет и кој според обвинението тврдел дека бил агент на функционерот.

Според комуникацијата со Хаирс од април 2014 година, двајцата се согласиле однапред да му платата 500.000 долари мито и уште два милиона долари кога зделката ќе биде склучена. Но се покажало дека Харис немал никакви врски со функционерот, и ги украл и потрошил тие 500.000 долари.

Бидејќи компанијата западнала во криза, Бан е верувајќи дека митото е исплатено и дека сé се одвива според планот, ја навел „Keangnam Enterprises Co Ltd. и нејзините кредитори да веруваат дека богатиот фонд ќе го купат Landmark 72. Кога целата работа пропаднала, на суд е покренаа постапка за ликвидација на фирмата, се наведува во судските документи./извор:Макфакс

спонзориран линк:

(adverts)