Сонцето над Мурманск изгрева по 40 дена

Во средата по локално време Сонцето првпат ќе изгрее над Мурманск, на северозападот од Русија, по поларната ноќ која траеше 40 дена, а во чест на овој настан ќе се одржи традиционалниот настан Првата мугра,на Сончевиот брег, највисокото место во градот, за да ги видат првите сончеви зраци.

 

На 11-ти јануари во Мурманск завршува поларната ноќ, и сонцето по 2-ри декември првпат ќе се издигне над хоризонт.

Поларната ноќ е природна појава којашто се забележува на широчините северно од Арктичкиот круг. Во северозападна Русија таа минува на јужниот дел од Колскиот полуостров и делумно низ територијата на Карелија.

На широчината на Мурманск поларната ноќ трае околу 40 дена, а на Северниот пол дури шест месеци. Во летниот период се јавува спротивната појава – поларниот ден, кога Сонцето речиси ист период не зајдува од хоризонтот./извор:Макфакс

спонзориран линк:
Loading...