Американското FBI немало пристап до серверите во кои упаднале руските хакери

Федералното биро за истраги (FBI) немало пристап до серверите на Демократската партија кои во кампањата за ноемвриските претседателски избори беа подложени на хакерски напади за кои американското разузнавање и администрацијата на претседателот во заминување Барак Обама ги обвинува руските челници, изјави директорот на Бирот, Џејмс Коми на сослушувањето пред комитетот за разузнавање на Сенатот.



„Ние секогаш претпочитавме да имаме директен пристап самите, кога тоа е возможно“, изјави Џејмс Коми. Но во конкретниот случај работата „им беше доверена на реномирани приватни компании“, истакна пред членовите на сенатската комисија.

„Немавме пристап. Многу ги уважуваме приватните компании кои имаа пристап и тие го споделија со нас, она што го виделе“, заклучи Коми на сослушувањето во Сенатот.

Директорот на FBI потврди и дека не знае зошто тоа се случило така. Според Коми, неговото биро поднело „многубројни прашања“ за пристап до серверите.

Џејмс Коми, инаку, беше жестоко критикуван од демократската кандидатка Хилари Клинтон дека влијаел врз исходот од изборите со одлуката десет дена пред изборите повторно да ја отвори истрагата за користењето на нејзината електронска пошта додека била државна секретарка, иако неколку дена подоцна објави дека нема нови заклучоци освен оние кои ја ослободуваат од одговорноста.

Американските агенции CIA, NSA и FBI објавија во саботата дека „со голема сигурност“ процениле дека лично рускиот претседател Владимир Путин сакал да влијае врз американските претседателски извори. Според нив, наводно руските воени разузнавачи од ГРУ, информациите добиени со хакирањето на Националниот комитет на Демократската партија (DNC) ги рашириле преку интернет, а кои покажаа дека раководството на партијата имала валкана стратегија против кампањата на сенаторот Берни Сандерс во предизборите во полза на Хилари Клинтон, како и компромитирачките мејлови на шефот на кампањата н Клинтон, Џон Подеста во кои се гледаат неговите деловни интереси, контакти со влијателни новинари и стратегиите во кампањата./извор:Макфакс

спонзориран линк:
Loading...