ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА: Родители на три деца загинале во трка помеѓу семафори! (ВИДЕО)

На нашите улици често сме сведоци на трки помеѓу несовесни возачи.

 

Какви можат да бидат последиците од уличните трки покажува симката која настанала во саботата вечерта во Тјумењ, полумилионски руски град, кој се наоѓа 2.144 километри источно од Москва.

Околу 21 часот вечерта, штом се вклучило зеленото светло на семафорот на со снег прекриената улица, започнала трка помеѓу Ауди и Ренџ Ровер.

Камерата во Аудито забележала кога, при брзина од 165 км/ч, другиот автомобил претекнува, губи контрола на заледената подлога и удира во столб на електричното осветлување.

Во несреќата загинале две лица во Ренџ Роверот: 37-годишен возач и неговата 35-годишна сопруга. Трагично настраданиот брачен пар имал три деца (за среќа не биле во возилото во моментот на несреќата), а наводно чекале и четврто.

Loading...