ТУРЦИЈА: Поради врски со Ѓулен, уапсени 60 бизнисмени

Во Турција уапсени се 60 бизнисмени, осомничени за врски со движењето на Фетулах Ѓулен, кој Анкара го обвинува за организирање на неуспешниот воен пуч во јули минатата година, јавија агенциите.

 

Турските медиуми наведуваат дека 110 бизнисмени се изведени пред суд, од кои 50 се пуштени на условна слобода.

Осомничените се обвинети дека се дел од движењето на Ѓулен.

Овие 110 бизнисмени се дел од група од 380 луѓе за кои е одреден притвор во рамки на истрагата за финансирање на движењето на Ѓулен.

спонзориран линк:

(adverts)