ТРАМП НА ПРВАТА КОНФЕРЕНЦИЈА: Да, Русите не хакираа, а ако Путин ме сака, тоа е моја предност!

- Мислам дека Русите не хакираа, но не хакираа и други, други земји. Имаме 22 милиони имиња, тука беше и Кина. Многумина не хакираа. Ги собравме најголемите експерти кои тоа ќе го спречат.

 

Ова, помеѓу другото, на првата прес-конференција го изјавил новиот американски претседател Доналд Трамп, која сега трае во Америка и која во директен пренос ја реализира ABC News.

Новинарите го прашале Трамп дали добил резиме од спорниот извештај и дали смета дека Владимир Путин го наредил хакирањето во САД.

- Срамота е што информациите протекоа. Тоа беа лаги, не се случи ништо, а тоа го објавија нашите противници. Тоа се болни луѓе. Тоа е целосна срамота, рекол Трамп.

Во извештајот се наведува дека хакирањето го наредил Владимир Путин како би му помогнал на Трамп.

- Ако Путин ме сака, тоа е предност за мене. Не знам дали ќе се сложам со Путин, се надевам дека ќе се сложам, но постои шанса и да не го направам тоа... Мислеите дека Хилари ќе беше подобра? Немојте, ве молам... - рекол Трамп.

Loading...

JT Fixed Display