Најголемиот сериски убиец во Русија доби доживотна казна затвор

Поранешниот руски полицаец Михаил Папков (52), кој во Сибир силувал и убил најмалку 22 жени, осуден е на доживотна казна затвор. Како мотив за овие убиства навел дека државата сака да ја „исчисти од проститутки“.

 

Потрагата за Папков траела 20 години, а на крајот бил откриен преку отпечаток оставен од копче од неговата полициска униформа.

За себе ќе каже дека е „ловец на проститутки“, а руското државно обвинителство оваа негова изјава ја оцени за бесмислена и го смета за обичен сериски убиец.

За да дојдат до резултати од ДНК, властите ги ексхумирале жртвите и тестирале повеќе од 3.000 осомничени.

Се претпоставува дека бројот на жени кои ги убил е околу 59.

Извор: Мета.мк

спонзориран линк:

(adverts)