Францускиот министер за внатрешни работи го потврди одржувањето на претседателските избори во недела

Во позадината на терористичкиот напад во Париз министерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казнов, изјави дека ништо нема да го спречи одржувањето на првиот круг од претседателските избори кои се закажани за в недела, пренесува во петокот ITV News.

 

Казнов истакна дека владата и силите за безбедност се целосно мобилизирани по фаталното пукање против полицискиот службеник, кое се случи во срцето на Париз, а нападот е изведен неколку дена пред гласањето за шеф на државата./извор:Макфакс

Loading...