СИЛЕН ПОЖАР НА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ГУГЛ - Има повредени

Најмалку три лица се повредени во пожарот кој избувнал во кујната на конгресниот центар за време на конференцијата на компанијата „Гугл“ во Калифорнија, соопштија противпожарните служби.

 

Инцидентот се случил во центарот „Шорлајн“, во градот Маунтин Вју, во центарот на Силицијумската долина.

Портпаролот на противпожарната служба рекол дека три лице се хоспитализирани, а дека едно од лицата има сериозни повреди. Повредените биле вработени во центарот.

Двораната „Шорлајн“, каде избувнал пожарот најчесто се користи за концерти./извор:Макфакс

Loading...