Спасени над две илјади мигранти во близина на либискиот брег

Околу 2.300 мигранти, кои се упатиле кон Италија, извлечени се во петок наутро од 22 дрвени и гумени чамци во Средоземното Море, во близина на брегот на Либија, соопшти италијанската крајбрежна стража.

 

Бродовите на крајбрежната стража и војската ги здружија силите со другите пловила кои ги изнајмија хуманитарните организации за да им пружат помош на мигрантите, кои биле распоредени во десет дрвени и 12 гумени чамци.

Бродот на лекари без граници „Пруденс“ извлече 770 лица, од кои повеќето деца, меѓу кои и бебе од шест месеци, се додава во соопштението.

Другиот брод „Аквариус“, што го најмија СОС Медитеран и Лекари без граници, спаси 560 луѓе, додека „Феникс“, што го користеше организацијата МОАС од Малта извлече уште 360 луѓе, пренесува AFP.

Меѓу спасените се државјани на Нигерија, Судан, Мароко и Бангладеш, наведува Ројтерс./извор:Макфакс

Loading...