Трамп: Поставување на специјален советник во истрагата за Русија ја дели државата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека именувањето на специјалниот советник за надзор на истрагата за вмешаноста на Русија во изборите во САД ја „дели земјата“.

 

Министерството за правда на САД го именуваше во четвртокот поранешниот директор на ФБИ, Роберт Мулер, за специјален советник за истрагата која ја истражува поврзаноста на Русија со претседателската кампања на Трамп.

Американскиот претседател на прес конференција со колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос, рекол дека ја почитува „целата работа“, но дека тој нема никакви лични врски со Русија и дека моменталната ситуација е само „лов на вештерки“.

„Мислам дека на овој начин прават поделби во државата. Мислам дека државата е поделена поради овој случај, но и поради многу други работи“, рекол Трамп.

Мулер беше директор на ФБИ од 2001 година, а се пензионирал во 2013 година, кога на функцијата го наследи Џејмс Корни, кој минатата недела беше сменет од претседателот Трамп./извор:Макфакс

Loading...

JT Fixed Display