Тензиите растат: „Роналд Реган“ плови кон Кореја

Воената морнарица на САД започнала со дислокација на носачот на авиони „Роналд Реган“ кон Корејскиот полуостров, поради новото заострување на ситуацијата во регионот, јави Си-Ен-Ен.

 

Спутњик потсетува дека тензиите на Корејскиот полуостров и во регионот дополнително пораснаа, откако Северна Кореја во неделата изврши ново лансирање на балистичка ракета која може да носи нуклеарна боева глава.

Северна Кореја ден потоа потврди дека извршила тестирање на балиситичка ракета од среден дострел. Летот на ракетата траел 30 минути, а ракетата прелетала 800 километри и паднала во Јапонското море, надвор од економската зона на Јапонија.

Спутњик потсетува дека балистичката ракета прв пат достигнала висина од 2.000 километри.

Според Си-Ен-Ен, носачот на авиони „Роналд Реган“ ќе изведе воена вежба со друг американски носач на авиони „Карл Винсон“./извор:Макфакс

Loading...