Руско МНР: Воздушните напади на САД и коалицијата во Сирија се „апсолутно неприфатливи“

Воздушните напади од страна на коалицијата предводена од САД врз про-владин конвој во Сирија се неприфатливи и го кршат суверенитетот на земјата, предупреди рускиот заменик-министер за надворешни работи, Генади Гатилов.

 

„Секаква воена акција која води кон влошување на ситуацијата во Сирија дефинитивно ќе влијае врз политичкиот процес. Особено ако вакви акции се вршат против сириските воени сили. Ова е тотално неприфатливо, тоа е кршење на сирискиот суверенитет. И се разбира дека воопшто не му помага на политичкиот процес“, истакна Гатилов.

Шестата рунда преговори за Сирија кои се одржаа во Женева, според Гатилов, биле „кратки, но продуктивни“.

В.Д/Макфакс

Loading...
Loading...

JW Player
JT Fixed Display