Мажот што налета на пешаци на Тајмс Сквер тврди дека „слуша гласови“

Мажот што во четвртокот со автомобил со голема брзина налета на пешаци на Тајмс Сквер, при што едно лице загина, тврди дека „слуша гласови“, соопшти во петок еден полициски претставник.

 

Полицијата го уапси 26 годишниот Ричард Рохас веднаш по вчерашниот инцидент во кој 23 лица беа повредени.

Уапсениот тврди дека слуша гласови и помислил дека ќе умре, рекле анонимни полициски извори за агенцијата АП.

Полицијата претходно соопшти оти не смета дека инцидентот има некаква врска со тероризам.

Автомобилот на Рохас запре на две тркала потпрен на улична светилка и челична ограда, поставена да спречи излетување на возилата на тротоар./извор:Макфакс

Loading...
Loading...

JW Player
JT Fixed Display