Харвард: Студент за дипломска приложил рап албум

Студент на престижниот американски универзитет Харвард како дипломска работа го приложил својот дебитански рап албум.

 

Како што пренесува Асошијетед прес, студентот Обаси Шо е првиот во историјата на универзитетот, кој на одделот за англиски јазик, како дипломска работа предал рап албум.

За својата работа Обаси Шо добил само пофални зборови.

Во албумот на Шо се споменуваат „Кентебриските приказни“ на Џофри Чосер од 14-от век, но и неколкумина други литературни класици.

Шо за својата дипломска работа добил оценка „А-“, што ќе му овозможи да дипломира со најголеми почести. Студентот рекол дека е изненаден од позитивните реакции.

Весникот Харвард газет пренесе дека Шо пораснал во Атланта слушајќи христијански рап, но дека пред две години започнал да ја слуша музиката на Кедрик Ламар и Ченс Д, кои популарноста ја стекнаа со песните во кои рапуваат за проблемите на афроамериканците во САД.

Тој особено ја ценел нивната подготвеност да рапуваат за „расните прашања и идентитетот на црнците“, што зазема место и во неговата дипломска работа./извор:Макфакс

Loading...