Ердоган кон ЕУ: Сакате да ползиме за да не примите

Турција е принудена да „ползи“ пред вратите на Европската унија, рече турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за време на собирот на бизнис лидерите во Истанбул. Тој ја даде оваа изјава како одговор на прашањето, дали Турција и понатаму треба да ја „моли“ ЕУ и да бара од неа да ја прими.

 

Турција веќе 54 години настојува да влезе во Унијата, додека земји кои подоцна аплицираа за членство или се економски нестабилни веќе се дел од ЕУ.

Ердоган ги критикуваше се поголемиот број на поглавја кои се потребни за преговорите за пристапување кон Унијата.

В.Д/Макфакс

Loading...