ВОДЕНА АПОКАЛИПСА: Дождот не престанува да паѓа - ја потопи цела држава!

Најмалку 76 лица загинале во големи поплави предизвикани од монсун, објавија денеска локалните власти во Индија.

 

Најмногу се погодени државите Аруначал Прадеш и Асам, на североистокот на земјата.

Во Асам настрадале 60 луѓе, а спасувачките операции траат од почетокот на сезоната на дождови во април.

„Илијадници луѓе се спасени и сега се наоѓаат во 118 приватни центри кои ги подигна владата“, изјавил службеникот на спасувачката служба Раджиб Баруа и додал дека нивото на петте најголеми реки во таа држава и натаму е многу високо.

Некои делови од Аруначал Прадеш ги доживеале најголемите поплави после седумдневниот непрекинат дожд. Најмалку пет луѓе минатата недела загинале во лавина од кал во близина на границата со Кина.

Во западната држава Гуджарат настрадале седум лица, а многу повеќе исчезнале после силните дождови. Илијадници луѓе се погодени и во источната држава Одиша.

Временските прилики сериозно го пореметиле снабдувањето со струја како и патничкиот и железничкиот сообраќај.

Владата во најзагрозените подрачја испратила војска.

Loading...