Лавров: Висока е опасноста од судир помеѓу САД и Северна Кореја

Русија е „многу загрижена поради високата опасност“ од избивање на судир помеѓу САД и Северна Кореја, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров кој го повика Вашингтон да го направи првиот чекор кон „де-ескалација“.
- Ризикот е многу висок, посебно поради реториката која се користи. Постојат директни закани за употреба на сила. И поради тоа сме многу загрижени, рекол Лавров за време на средбата со млади во Москва.

Лавров рекол дека Русија ќе „направи сè“ за да се избегне судир помеѓу тие две земји и додал дека Русија и Кина во неколку наврати предложиле смирување на тензиите со воведување двоен мораториум.

Според неговите зборови, првиот би се однесувал да Северна Кореја веднаш ја запре нуклеарната и балистичка програма, а вториот да САД и Јужна Кореја прекинат со заеднички вежби.


Loading...