СТРАШНО НЕВРЕМЕ И РАЗОРНИ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО ПЕКИНГ - Што се случува во Кина?

Стотицилетови се откажани или одложени поради силно невреме што го зафати Пекинг. Властите предупредија дека дождот и ветарот би можеле да предизвикаат лизгање на земјиштето во областа Сечуан, која претходно оваа недела ја погоди земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтер.

 

Издадено е жолто предупредување на непогоди, со напомена дека обилните дождови, кои се очекуваат во кинеската престолнина би можеле да предизвикаат поплави во планинските области.
Најфреквентиот аеродром во Кина, Меѓународниот аеродром во Пекинг, ги повика патниците во соопштението објавено на неговиот сајт, да ги проверат најновите информации за летовите од и до градот.
Речиси 500 летови се откажани, додека 182 се одложени, се наведува во соопштението.

Пекинг е на удар на најновите неповолни метеоролошки прилики, откако торнадо вчера ја погоди Монголија, при што загинаа пет лица, додека над 50 беа повредени, а голем број куќи се уништени.

 

Loading...