ДРАМА ВО ХРВАТСКА: Маж пукал на полицијата и се заканувал дека ќе активира бомба

Триесет и петгодишен маж пукал денеска на полицијата во местото Шеќерана кај Бели Манастир, Хрватска, а потоа се затворил во станот со закана дека ќе активира бомба.

 

Во пукањето никој не е повреден, а членовите на смејството се на безбедно, пренесоа хрватските медиуми.

„Со доаѓањето на местото на настанот извршителот испукал неколку куршуми од огнено оружје кон полициските службеници и се заканувал дека ќе активира рачна бомба. Во таа прилика никој не е повреден. Напаѓачот потоа се затворил во станот“, се наведува во соопштението на полицијата.

На местото на настанот упатена е специјална единица на полицијата од Осијек и во тек се преговори.

Loading...