Бомбашки напад во Турција, двајца загинати

Бомбашки напад на воено возило на југоистокот на Турција усмртил двајца војници, а државните медиуми наведуваат дека за нападот се одговорни курдски екстремисти.

 

Нападот се случил во провинцијата Батман, а според информациите, зад нападот стои забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK).

На североистокот на Турција каде доминантни се Курдите, секојдневно избиваат насилства предизвикани од судири помеѓу Работничката партија на Курдистан и Владата.

Турција ја прогласи PKK како терористичка организација.

Loading...