Рејтингот на Трамп скокна заради Северна Кореја

Рејтингот на американскиот претседател, Доналд Трамп, скокна за 6 процентни поени откако навести можност за воена акција против Северна Кореја.

 

Процентот на Американци кои го поддржуваат Трамп е зголемен од 39 на 45 отсто, покажува анкетата што ја спроведе агенцијата „Расмусен Рипортс“, наклонета на конзервативците.

Претходникот на Трамп, Барак Обама, отприлика во истиот период од неговиот мандат имаше поддршка од 54 отсто Американци.

Анкетата покажува дека поддршката на Трмап скокнала откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун се закани дека ќе испали ракета во водите недалеку од Гуам, американска територија во Тихиот Океан.

Одговорот на Трамп беше дека Пјонгјанг ќе се соочи со „оган и бес и искрена сила каква што светот не видел досега“.

 

Loading...