Ова е КОНЕЧЕН КРАЈ за Исламска држава!

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојуг изјавил денеска дека сириската влада за два месеци два и пол пати ја зголемила територијата која ја контролира.

 

Шојгу тоа го изјавил во интервју за државната телевизија Русија 24, и предвидел крај на борбата против Исламска држава.

Тој рекол дека падот на екстремистичкото упориште Деир Езор на Еуфрат „ќе каже многу, ако не и сè“ за завршувањето на битката со џихадистите.

Русија е близок сојузник на сирискиот претседател Башар Ал Асад и од 2015 година пружа поддршка од воздух на сириската војска.

Исламска држава последниве месеци е под притисок од повеќе страни и изгуби многу територии во Ирак и Сирија.

Loading...