Делови од автомобилите расфрлани насекаде: Страшна снимка од тешка сообраќајка во Србија (ВИДЕО)

На автопатот Белград-Ниш во правец кон Ниш сообраќајот е во прекин, откако околу 14 часот дошло до тешка сообраќајна несреќа кај бившата наплатна рампа Бубањ поток. Во страшната несреќа учествувале повеќе возила, загинало едно лице, а пет се повредени, од кои две во тешка состојба.

 

Кон наплатната рампа се формирала колона подолга од три километри и непрекинато се зголемува, јавуваат српските медиуми.

РТС објави и снимка од местото каде се случила тешката сообраќајка:

Фото: Принтскрин/РТС

Loading...